fbpx

Обична прошетка се претворила во пекол: Почина бебе од топлотен удар

Дете старо само четири месеци починало вчера во гратче во близината на Москва од топлотен удар, јавуваат руските агенции.

Бебето, кое наводно имало здравствени проблеми од раѓање, родителите го нахраниле околу 15 часот, а потоа го сместиле во количка и тргнале со него кон едно излетничко место каде со пријателите биле договорени да прават скара.

Детето било изложено на висока температура подолго време, а околу 19 часот родителите заминале кон домот на еден од пријателите кога забележале дека нивниот син не покажува знаци на живот.

Веднаш повикале брза помош, но лекарите само констатирале смрт.

„Телеграф“ пишува дека родителите биле под дејство на алкохол и дека е иницирана итна истрага која ќе ги утврди причините за овој трагичен настан.

Илустрација: Пиксабеј

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Син на музичар, скромноста му е адут: Кој е Мите Стоилков?

Македонскиот натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“, Мите Стоилков, лани заврши на четврто место. Нашиот талентиран пејач кој пред неколку години победи во втората сезона на „Пинкови ѕвезди“, не успеа да го повтори успехот и во конкурентското шоу. Уште кога се појави на сцената, скромноста му е адут на Стоилков. Љубовта […]