fbpx

Син на музичар, скромноста му е адут: Кој е Мите Стоилков?

Македонскиот натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“, Мите Стоилков, лани заврши на четврто место. Нашиот талентиран пејач кој пред неколку години победи во втората сезона на „Пинкови ѕвезди“, не успеа да го повтори успехот и во конкурентското шоу.

Уште кога се појави на сцената, скромноста му е адут на Стоилков. Љубовта кон музиката му е вродена од гените на татко му и дедо му кои исто така се професионални музичари.

Мите е син на музичарот Горан Стоилков, член на групата „Огнени момчиња“. Во една прилика изјави дека советите на неговиот татко најмногу го мотивирале да го постигне тоа што отсекогаш го посакувал.

„Како во секоја музичка куќа така и кај нас, речиси секој ден се свиреше и пееше и очекувано љубовта кон песната од ден за ден ми беше с` поголема. Знаев скришум да го земам инструментот на татко ми. По желба на дедо на кој го носам името, родителите ме запишаа во музичко училиште“, раскажа тој.

Стоилков по потекло е од Струмица и е братучед на Трајче Ѓоргиев кој исто така публиката добро го познава.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Остана без мајка пред само неколку месеци: По семејната трагедија конечно радост

Махир Мулалиќ од Босна и Херцеговина е победник во маратонската 14-та сезона на „Ѕвездите на Гранд“. Негова менторка беше Марија Шерифовиќ која не ја криеше радоста по триумфот на својот кандидат. Во текот на натпреварувањето Махир доживеа семејна трагедија. Неговата мајка почина на 3 април од последици на Ковид-19 додека […]