fbpx

Ден по финалето на „Ѕвездите на Гранд“: Таткото на Марија со јасна порака!

Кандидатот кој остави најсилен визуелен впечаток во штотуку завршената маратонска 14-та сезона на „Ѕвездите на Гранд“ е дефинитивно македонската натпреварувачка Марија Груевска.

Таа ги воодушеви и публиката и жирито и стигна до завршницата на шоуто. Многумина ѝ предвидуваа дури и победа, но ниту таа, ниту одличниот Мите Стоилков не успеаја да триумфираат.

Мора да признаеме дека Марија на најдобар можен начин го искористи ова регионално музичко натпреварување за медиумска промоција.

Во тоа е убеден и нејзиниот татко Дуле Груевски, свештеник кој имаше важна улога во креативниот тим на талентираната Македонка.

„Беше прекрасно. Можноста да се претстави Марија Груевска „из Битољ“ на сосема различен и нов начин на естрадата ја искористивме до максимум. За тоа беа потребни многу луѓе, многу труд и многу работа, а и повеќе од 10.000 километри изминат пат. За сето ова требаше и голем буџет кој секогаш го надополнуваа наши другари и пријатели, на кои во наредниов период соодветно ќе им се заблагодариме. Без нив немаше да можеме да го реализираме сето ова. Договорот со продукцијата на „Ѕвездите на Гранд“ беше она кон кое целевме, само затоа што знаевме дека ќе отвори огромна можност да продолжиме со нашиот концепт. Она што го добивме е слободниот медиумски простор кој ќе го искористиме за сето она кое однапред веќе го имаме зацртано. Користам прилика од срце да ви се заблагодарам на сите кои гласавте. Ова е успешен завршеток на првата етапа. Одиме понатаму. Албумот е концепиран и по кратка пауза за одмор, започнува неговото создавање. Ви благодарам од срце на сите“, напиша тој на „Фејсбук“.

Остана без мајка пред само неколку месеци: По семејната трагедија конечно радост за Махир

Марија студира Музичка академија и неодамна откри дека има уште само два испита до дипломирањето.

„Музиката е нешто кое не се меша со омраза. Како маслото со водата. Некој можеби од незнаење ќе се обиде да ја обезвредни, ама таквиот не ја обезвреднува музиката, туку себе си. Музиката е израз на чувства, запазувања и визија. Немаме сите исти чувства. Сакам сѐ што е популарно, таков смер и изучувам. Музиката и омразата не одат заедно“, раскажа таа во едно интервју.

Фото: З.К.Муња/Д.Милошевиќ/Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Доби светска титула, но срцето ѝ плаче: Билјана проговори за смртта на татка си

Манекенката Билјана Јаневска е прогласена за прва придружничка на светскиот избор „Мис туризам“ кој се организираше во Јамајка. И покрај првичните планови шоуто да се одржи со физичко присуство, организаторите ја променија идејата и манифестацијата се одржа виртуелно, а македонската убавица се закити со уште две признанија – најдобар изглед и […]