Љиљана Петровиќ, менаџерката на легендарниот македонски пејач Тоше Проески, по подолго време се појави во јавноста.
Таа гостуваше во утринската емисија на српската телевизија Прва каде зборуваше за плантажите со лаванда, бизнисот на кој му се посвети по трагедијата на 16 октомври 2007 година.
На крајот од прилогот, водителот ја изненади со прашање за Проески.
– Дали на овие плантажи го пронајдовте мирот?
– Не го очекував ова прашање. Не, не можеш никогаш да пронајдеш мир. Можеш само да научиш да се носиш со тоа! – му одговори таа.
Тоше Проески загина на автопатот А3 кај Нова Градишка. Автомобилот кој го возеше Георги Георгиевски удри во товарно возило. На задното седиште беше токму Петровиќ.
Фото: Принтскрин/ПрваТВ
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО