fbpx

Доби светска титула, но срцето ѝ плаче: Билјана проговори за смртта на татка си

Манекенката Билјана Јаневска е прогласена за прва придружничка на светскиот избор „Мис туризам“ кој се организираше во Јамајка.

И покрај првичните планови шоуто да се одржи со физичко присуство, организаторите ја променија идејата и манифестацијата се одржа виртуелно, а македонската убавица се закити со уште две признанија – најдобар изглед и најдобар костим за капење.

Наградите му ги посвети на својот татко кој го загуби пред девет месеци.

Во емотивната исповед за Македонски медиа сервис, Јаневска вели дека иако е среќна, срцето ѝ плаче бидејќи нејзиниот татко не е до неа.

„Татко ми беше прекрасен и шеговит човек, беше мој најдобар другар. Со него бев поповрзана отколку со мајка ми, но сега двете заедно сме помоќни. Тој почина од мозочен удар. Човекот беше здрав прав, но се затвори во себе и почна да не излегува од дома. Тоа негово заминување беше сурово, мачно и тажно. Лежеше во болница која беше ковид центар и немавме можност да го видиме. Еден ден дознавме дека починал“, открива Билјана за ММС.

Целиот разговор прочитајте го ТУКА

Следни Објави

Македонија тагува: Згасна уште еден млад живот

Почина Оливер Ташев, професор по историја и поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија. Неговите ученици, но и колеги се скршени од болка по трагичната вест. „Наставнику мил, почивајте во мир, многу ми е жал што од септември нема да бидете со нас.. Секогаш ќе се […]