fbpx

Македонија тагува: Згасна уште еден млад живот

Почина Оливер Ташев, професор по историја и поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија.

Неговите ученици, но и колеги се скршени од болка по трагичната вест.

„Наставнику мил, почивајте во мир, многу ми е жал што од септември нема да бидете со нас.. Секогаш ќе се сеќавам на вашиот ведар лик и насмевка, на вашите топли и искрени совети.. Ќе ни недостасувате.. Нека ви е светол патот до небеската шир“, напиша негова ученичка.

Се огласија и од УМС на ВМРО-ДПМНЕ О.К. Гевгелија.

– Со разочарување и тага ја примивме најлошата вест дека изгубивме член од семејството на ВМРО ДПМНЕ. Како сопруг, татко, професор по историја, поранашен претседател на ОК-УМС-Гевгелија, беше човек кој се бореше и застануваше во првите редови со нас младите, а ние како членови на УНИЈА НА МЛАДИ СИЛИ НА ВМРО ДПМНЕ бевме горди дека имаме човек кој ни кажува и раскажува што е патриотизам како да ја градиме и сакаме РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. А ние ќе им раскажуваме на идните генерации на УМС каков професор сме имале во семејството на ВМРО-ДПМНЕ. ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ ОЛИВЕР ТАШЕВ – стои во нивната објава на „Фејсбук“.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Опуштени без грам шминка: Емина Јаховиќ и Хурем заедно на вечера

Популарната српска пејачка Емина Јаховиќ која со години живее во Истанбул, објави фотографија со која ги воодушеви фановите. Таа на својот профил на „Инстаграм“ откри дека ужива во заедничка вечера со една од најпопулатните актерки од турските серии. Станува збор за Мерјем Узерли која се прослави по улогата Хурем Султан […]