fbpx

Делта сојот на Ковид-19: Три спимтоми на кои мора да внимавате!

Симптомите кои се третираа како најчести кога е во прашање коронавирусот беа покачена температура и губење на чувството за вкус и мирис.

Британските научници нагласуваат дека индикаторите за Ковид-19 сега се нешто поинакви од почетокот на пандемијата.

Со појавата на новиот Делта сој, најчесто пријавувани симптоми кај заразените се кашлица, главоболка и необјаснив замор.

Последното истражување е направено на универзитетскиот колеџ во Англија, предводено од д-р Алекс Крос. Тој нагласува дека заразените кои претходно се вакцинирале, во речиси 100 отсто случаи имале благи симптоми.

„Со појавата на новите соеви на вирусот,различни се и симптомите, па неопходни се постојани истражувања. Првите знаци на болеста се менуваат со новите варијанти и се различни кај младата популација која сега е најизложена на зараза“, заклучува д-р Крос.

Преку 60 отсто од тестираните кои имале некој од трите симптоми, се испоставило дека се заразени со Ковид-19. Дури 42 отсто од нив имале силна кашлица, 39 отсто пријавило главоболка, а 38 отсто се пожалило на замор, пренесува „Дејли мејл“.

Фото: Шатерсток

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Девојче (13) дрогирано, па силувано и задавено: Монструозен чин ги вознемири сите

Уапсен е и третоосомничен за суровото убиство на 13-годишната Л.В. во Виена. Тој е приведен синоќа, а австриската полиција се сомнева дека заедно со двајца Авганистанци на возраст од 16 и 18 години, ја дрогирал, силувал, а потоа и ја задавил несреќната тинејџерка. Телото на девојчето е пронајдено во саботата […]