fbpx

Девојче (13) дрогирано, па силувано и задавено: Монструозен чин ги вознемири сите

Уапсен е и третоосомничен за суровото убиство на 13-годишната Л.В. во Виена. Тој е приведен синоќа, а австриската полиција се сомнева дека заедно со двајца Авганистанци на возраст од 16 и 18 години, ја дрогирал, силувал, а потоа и ја задавил несреќната тинејџерка.

Телото на девојчето е пронајдено во саботата наутро околу седум часот, потпрено на дрво. Случајните минувачи веднаш ја повикале полицијата и итната помош, но на детето му немало спас и лекарите можеле само да констатираат смрт.

На вратот на жртвата биле видливи огромни модринки, а обдукцијата покажала дека починала од гушење. Била дрогирана, а потоа и сексуално злоставувана. Се верува дека девојчето било принудено да замине во станот на 18-годишниот Авганистанец каде било дрогирано најверојатно со екстази, а потоа брутално силувано. Во раните утрински часови телото било изнесено во блискиот парк и потпрено на дрво.

Родителите си го идентификувале чедото дури во неделата, откако полицијата објавила дека е пронајдено женско тело во црна дуксерка на која пишува „живеј или умри“. Свесни дека нивната ќерка која не се вратила дома била така облечена, веднаш заминале во полиција каде им биле потврдени најлошите сомнежи, пренесува „Телеграф“.

Осомничените убијци со години живееле во Австрија и веќе имале поднесено барање за азил. Едниот од нив од претходно ѝ е познат на полицијата поради бројни кривични дела. Се верува дека едниот од мигрантите, токму тој што ја намамил во станот, девојчето го познавала од порано.

Австриските медиуми пишуваат и дека Л.В. била проблематична девојка која во повеќе наврати знаела да исчезне на неколку саати. Во прв момент, нејзините родители помислиле дека и овојпат се соочуваат со истата ситуација, пред да дознаат за трагедијата која навистина ја вознемири јавноста.

Фото: Фејсбук/Твитер

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Дом со оваа билка не може да е сиромашен: Гарантирано носи пари!

Помага во борбата против депресија, а на станарите им помага и да се ослободат од стресот Оваа билка е надалеку позната по своите лековити својства. Можеби сега е вистинското време да почнете да ја одгледувате во својот дом. Станува збор за босилек, растение за кое старите знаат да кажат дека […]