fbpx

Софија: Свекрвата го натера да ме остави оти немаме деца, па се случи пресврт

Блогерката и инфлуенсерка Софија Еспиноза од Мексико доживеала се’ што може да ѝ приреди животот во последните неколку месеци.

Оваа 34-годишна жена имала се’ што може да посака од сопругот Карлос (37), но и покрај тоа нивната љубовна приказна завршила со развод.

На крајот, судбината сакала таа да излезе како победник, а нејзиниот партнер во агонија да бара нова прилика за повторно да бидат заедно.

Софија во еден од нејзините последни блогови опиша што ѝ се случувало последниот период и како се чувствува поради тоа.

„Не сум сама и никогаш нема да бидам. Особено сега кога вистината излезе на виделина. Четири години бев во преубав брак со Карлос, се’ додека неговата мајка не почна да ни се меша во врската и да ни ги расипува животните планови. Не можев да забременам. И двајцата бевме на милион тестирања и никогаш не добивме потврда дека не можеме да имаме деца. Мојата поранешна свекрва, многу посесивна и агресивна жена, ме обвини дека којзнае што се’ пијам од таблети, бидејќи не сакам да имам деца со нејзиниот син. Почна опсесивно да ни се межа во животот, да ни го расипува секој момент на среќа, се’ додека не успеа да го убеди Карлос да ме остави за да може со друга жена да има потомство“, пишува Софија.

Ана наздрави со гостите: По нејзиниот говор, свекрвата ја напушти свадбата!

Пресвртот се случил три месеци по разводот. „Виновникот“ е нејзиниот близок пријател Хавијер кој секогаш ја тешел во најтешките моменти.

„Се’ уште не можам да си опишам како, но нашето пријателство прерасна во силна љубов. По само тримесечна врска забременив. Ова беше само потврда дека јас воопшто не сум проблемот што се однесува до потомството. Карлос кога ја слушна оваа вест доживеа шок. Ги прекина контактите со мајка му и почна да ми се јавува секој ден и да ми испраќа пораки, молејќи за прошка. Сега е касно. Бев подготвена засекогаш да бидам покрај него. Но, не ми веруваше. Ниту себе не си веруваше. Дозволи некој да изврши страшно влијание врз него и да го убеди дека животот без мене ќе му биде подобар. Еве сега има шанса“, раскажува Софија.

Не им давам на свекрвата и на свекорот да го гледаат внукот

На прашањето дали планира нова венчавка, таа нагласува дека изразот „лудиот камен“ сега премногу ја иритира.

„Се изгорев. Дадов се’ за човекот кој тоа не умееше да го почитува. Бевме подготвени и да посвоиме дете, само за да создадеме семејство. Не размислувам за свадба. Хавијер и јас сме среќни, се познаваме веќе 15 години и засега ништо не ни недостасува. Кога ќе дојде и бебето на овој свет, мојата среќа ќе биде комплетна“, истакнува Софија.

Фото: 24Орас/Принтскрин

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Делта сојот на Ковид-19: Три спимтоми на кои мора да внимавате!

Симптомите кои се третираа како најчести кога е во прашање коронавирусот беа покачена температура и губење на чувството за вкус и мирис. Британските научници нагласуваат дека индикаторите за Ковид-19 сега се нешто поинакви од почетокот на пандемијата. Со појавата на новиот Делта сој, најчесто пријавувани симптоми кај заразените се кашлица, […]