fbpx

Судијката донесе одлука за Бритни Спирс: Ова никој не го очекуваше!

Бренда Пени, судијката одговорна за старателството на Бритни Спирс, го одби барањето да му се одземе контролата врз нејзиниот живот на татко ѝ Џејми Спирс.

Деталите од пресудата се’ уште не се објавени, но веќе врие на социјалните мрежи и фановите на поп-ѕвездата масовно го изразуваат незадоволството од ваквиот потег.

Бритни минатата недела јавно му се обрати на судот за случајот со контроверзното старателство. Во таа прилика кажа дека си го сака животот назад и побара конечно да заврши 13-годишното старателство кое татко ѝ го има над нејзе.

„Толку сум болна што не можам да спијам и депресивна сум. Сакам да ме слушнат.. Сакам промени и сакам да одам напред. Заслужувам промени“, нагласи пејачката во текот на сослушувањето.

Таа се осврна и на пораката која ја сподели во април годинава, по емитувањето на документарецот Framing Britney кога ја уверуваше јавноста дека добро се чувствува.

„Исклучително сум среќна. Имам прекрасен дом, преубави деца. Моментално се одмарам и уживам“, напиша тогаш пејачката.

Во текот на сослушувањето за старателството, Бритни призна дека таа изјава е комплетна лага.

Таа откри дека сакала да се омажи за своето момче, 13 години помладиот манекен и фитнес-модел Сем Ашгари, и повторно да стане мајка, но дека тоа не ѝ било дозволено. Го обвини татка си дека ја спречил во намерата да ја отстрани спиралата за да може повторно да забремени. Исто така, кажа дека била принудена да консумира литиум, лек за биполарно пореметување, до таа мера што со недели била полусвесна и не можела да разговара.

Бритни Спирс последните 13 години е под надзор и не ѝ дозволено самостојно да одлучува за сопствениот живот. Сите одлуки наместо неа, ги носи нејзиниот татко и адвокатот Андреј Валет. Судијата, исто така, има овластување да го одземе полномоштвото во нејзино име и да одлучи каде таа ќе живее.

Бројни познати личности на социјалните мрежи ѝ дадоа безрезервна поддршка на пејачката во борбата за слобода. Меѓу нив и нејзиното поранешно момче Џастин Тимберлејк.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Делта сојот на Ковид-19: Три спимтоми на кои мора да внимавате!

Симптомите кои се третираа како најчести кога е во прашање коронавирусот беа покачена температура и губење на чувството за вкус и мирис. Британските научници нагласуваат дека индикаторите за Ковид-19 сега се нешто поинакви од почетокот на пандемијата. Со појавата на новиот Делта сој, најчесто пријавувани симптоми кај заразените се кашлица, […]