fbpx

Беше голем работник и коректен колега: Почина Стево Гаџовски

Во Клиничката болница во Битола, денеска почина новинарот Стево Гаџовски.

Целата своја новинарска кариера ја помина во Битолски весник.

Со години беше уредник и на страницата за деца и млади Колибри, а извесен период беше заменик главен и одговорен уредник во Весникот.

Емотивна посвета на Гаџовски (78) му посвети докажаниот македонски карикатурист Блаже Докуле, единствен од нашата земја со освоени десет награди на меѓународниот фестивал во Сеул, Јужна Кореја.

„Денес не’ напушти еден од доаените на битолското новинарство, вљубениик во новинарството, голем работник, коректен колега, трпелив соработник, еден од тие што ја сакаа и сатирата во новинарството и повеќе пати пишуваше за работата на карикатуристите и сатиричарите во Битола. Соработувавме од почетокот на весникот, се’ до заминувањето на Стево во пензија. Вечна слава и сочувство до неговото почитувано семејство“, напиша тој на „Фејсбук“, споделувајќи заедничка фотографија од прославата на 25-годишнината на „Битолски весник“.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Билјана тргна по нова фризура, дома се врати како друга жена

Билјана има 50 години и работи како продавачка во Белград. Оваа храбра жена го прифати предизвикот да промени нешто кај себе. Откако фотографиите од трансформацијата беа објавени на интернет, целиот регион зборува за неа. Она што ѝ беше најважно во овој „мејковер“ е конечно да може да блесне со нова […]