fbpx

Мамо, потребна си ми: Почина девојче (2), смртта ги потресе сите

Двегодишно девојче неодамна трагично го загуби животот.

Нејзината неутешна мајка во солзи раскажа дека последните зборови на нејзината ќерка биле: „Мамо, потребна си ми“.

Несреќната Харпер Ли Фанторпе голтанла батерија од далечинскиот управувач за ТВ и според првичниот извештај од обдукцијата, киселината од батеријата и ги стопила цревата и влегла во главната артерија.

Во моментот на трагедијата, покрај неа била нејзината постара сестра Џејми која сфатила дека нешто лошо се случува кога Харпер почнала да повраќа крв.

Веднаш била префрлена во Универзитетската болница во Ројал Сток каде ѝ била извршена операција, но лекарите не успеале да ѝ го спасат животот.

Мајката подоцна откри дека нејзиното чедо голтнало од оние мали кружни батерии кои се користат и за часовници, клучеви од автомобил, за играчки и за кујнски ваги.

„Би сакала да апелирам до сите родители да внимаваат на ова. Ако успеам да спасам барем едно дете, ќе бидам пресреќна“, порача ожалостената мајка Стејси Никлин.

По оваа трагедија, педијатрите во Британија открија дека и самите биле сведоци на повеќе несреќни случаи со сериозни повреди кај деца кои голтнале батерии, а многу од нив завршиле фатално.

Фото: Твитер

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Беше голем работник и коректен колега: Почина Стево Гаџовски

Во Клиничката болница во Битола, денеска почина новинарот Стево Гаџовски. Целата своја новинарска кариера ја помина во Битолски весник. Со години беше уредник и на страницата за деца и млади Колибри, а извесен период беше заменик главен и одговорен уредник во Весникот. Емотивна посвета на Гаџовски (78) му посвети докажаниот […]