fbpx

Ми вика слободен си: Му викам јас сум, ама ти не си!

Ноќва возам накај Штип.

Ме запира ЏАНДАР, ваљда обучен на курс. Ми вика да дувам и да ми ја тресе колата за “недозволени супстанци”! Му викам, прво да ми се легитимирате, па после. Одбива!?

Ми вика, ќе ти пишам казна 500 ЕУР за одбивање “дување”!? Му викам, господине, ја “дување” никад не одбивам, ама за претрес на пратеник ви треба налог, оти имам уставен имунитет (и му ја давам службената легитимација).

Сфаќа дека ја укакал. Дувам – алкохол 0.00. Ми вика слободен си.Му викам јас сум, ама ти не си. Според Правилникот за вршење служба, Вие сте дожен да се легитимирате по барање на граѓанин и да ми издадете записник за “дувањето”. Ве молам постапете така. Одбива пак!

Пред него вртам 192 и го пријавувам (и он паралелно врти сто телефони).

После тоа, лагано си идам у Полициска станица Штип и на записник му поднесувам претставка до Внатрешна контрола на МВР за неприфесионално постапување.

Наравоучение: не се кур*и, коа не знаеш право!

Фејсбук-статус на Димитар Апасиев

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Мамо, потребна си ми: Почина девојче (2), смртта ги потресе сите

Двегодишно девојче неодамна трагично го загуби животот. Нејзината неутешна мајка во солзи раскажа дека последните зборови на нејзината ќерка биле: „Мамо, потребна си ми“. Несреќната Харпер Ли Фанторпе голтанла батерија од далечинскиот управувач за ТВ и според првичниот извештај од обдукцијата, киселината од батеријата и ги стопила цревата и влегла […]