fbpx

Цело време нè лажеле: Докторка се врати од мртвите и откри што видела на „другата страна“

Нејзиното искуство ни од далеку не наликува на останатите

Докторката Кејси Престон од Сакраменто тврди дека пред три месеци се вратила од мртвите. Според констатацијата на нејзините колеги, таа околу 40 секунди била на „другата страна“.

Кејси се враќала од работа кога, поминувајќи на пешачки, на една од најфрекфентните улици во градот ја удрил автомобил. Од силината на ударот паднала на бетонот директно со главата и почнала да крвари.

Лекарите пристигнале за неколку минути и веднаш ја хоспитализирале. И денеска вели дека не се сеќава на ништо од реалниот свет се’ до моментот кога ги отворила очите во болница.

Иако завршила во друга клиника, а не во таа каде што била вработена, дел од колегите ги знаела од претходно, па ги замолила да ѝ раскажат што се случило.

Полека, но сигурно Кејси се опоравувала, но чувството дека била вон своето тело не ја напуштало. Напротив, вели дека и денеска во детали се сеќава што видела додека умирала.

„Како што ми рекоа, сум починала на помалку од 60 секунди во автомобилот на брзата помош. Таму ме реанимирале и едвај ме вратиле. Она на што се сеќавам е дека тогаш сум била на некое место кое веројатно се дефинира како рај или нешто слично. Во секој случај, ништо не доживеав од она што се прераскажува. Ниту видов познати лица од минатото, луѓе кои ги нема, ниту слушнав музика, црцорење на птици, бел бришен простор и светлина. Моето искуство е сосема поинакво“, признава Кејси.

Починатите ги сонуваме со причина: Еве што сакаат да нѐ предупредат!

Таа нагласува дека сега е уверена дека човештвото лаже за „убавината и хармонијата“ на животот и за лебдењето на душите по смртта. Кејси гледа оправданост во таквиот мит за луѓето полесно да го поднесат фактот дека еден ден ќе умрат.

„Додека бев мртва, видов некои зелени предели и луѓе кои плачат. Насекаде беа некои тажни, депресивни, за мене комплетно непознати лица. Некои ми подаваа рака, сакаа да ме допрат. Водов некоја прашина, песок, ливада полна со инскети. Не слушнав никаква музика, ниту пак доживеав некаква хармонија. Ништо“, открива таа.

Некои луѓе на социјалните мрежи ѝ напишаа дека можеби била во пеколот, но таа категорично го негира тоа.

„Мравка во животот не сум згазила и тоа можат да го потврдат луѓето кои ме знаат. Никакви лоши работи не сум правела, од мала имам мисија да им помагам на луѓето и да им носам среќа. Веројатно затоа сум и докторка“, завршува Кејси.

Фото: СиБиЕсЕн Сакраменто/Принтскрин

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

(ФОТО) Најубавиот фустан го има ќерката на Моника Белучи

Постарата ќерка на италијанската дива Моника Белучи и францускиот актер Винсент Касел повторно е во фокусот на светските медиуми. Преубавата Дева Касел за потребите на еден моден едиторијал облече фустан кој модната критика веќе го прогласи за парче на сезоната. Станува збор за виолетова креација со цветен дезен со која […]