fbpx

Кој е Жовенел Моиз, убиениот претседател на Хаити?

Претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, е убиен утринава во својот дом, потврди владата, а неговата сопруга Мартин Моиз им подлегна на повредите во болница.

Моиз (53) беше на власт од февруари 2017 година. Неговото владеење резултираше со политичка нестабилност, а тој се соочуваше со сериозни обвинувања за корупција.

На немилиот настан му претходеа серија протести во главниот град, но и во другите населени места на кои жителите го повикуваа да си поднесе оставка.

Моиз кој е претприемач, пред да стане 58-ми претседател на Хаити, никогаш претходно немал политичка функција. Пред атентатот се’ погласно се поставуваше прашањето кога ќе му заврши мандатот и дали тој владее противуставно.

Опозицијата го обвинуваше дека спроведува диктатура нагласувајќи дека неговиот петгодишен мандат завршил на 7 февруари годинава, но дека тој инсистирал да остане на власт уште една година бидејќи функцијата ја презел дури на 7 февруари 2017 година. Моиз стана претседател со една година задоцнување поради обвинувањата за изборен фалсификат.

Моиз годинава го оневозможи рушењето на неговата влада кога во февруари нареди да бидат уапсени 23 лица, вклучувајќи и судија од Врховниот суд и висок полициски службеник.

Хаити со години е во заложништво на банди кои се борат за контрола над делови од главниот град Порт-о-Пренс. Во оваа карипска земја владее огромна сиромаштија, а криминалците имаат силни врски со владејачката структура.

Фото: Профимедија

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Македонија тагува, згасна уште еден млад живот

Нова трагедија утрово ја потресе Македонија. Веста за згаснувањето на уште еден млад живот ги вознемири сите. Почина Аида Хоџиќ, советничка во Советот на Општина Аеродром.  „Другарка која Општина Аеродром сакаше да е уште поубаво место за живеење. Другарка, секогаш насмеана која сакаше на сите да им помогне. Ќе ни […]