fbpx

Магична билка за жени

Има едно цвеќе за кое се верува дека ѝ носи среќа на жената која го поседува. Неговото височество Спатифилум! Се верува дека токму ова салонско цвеќе е одговорно за женската благосостојба.

Ако ова цвеќе ѝ го подарите на немажена девојка, таа во најскоро време ќе доживее среќа на љубовен план. Ако ѝ го подарите на мажена жена, нејзиното семејство наскоро ќе се прошири.

Уште од дамнина, жените забележале дека постоењето на оваа билка во домот привлекува убава енергија која резултира со позитивни промени, особено во љубовните односи. Среќата, исто така, доаѓала во домот кај жени кои подолго време се обидувале да забременат.

Жените кои веќе ја искусиле среќата, почнале да им носат коренчиња од ова цвеќе на своите другарки за и тие да ја доживеат магичната моќ на оваа билка.

Дека Спатифилум во голема мера може да влијае врз приватниот живот на една жена сведочат бројните споделени искуства на форумите каде жените зборуваат за „женската среќа“ поврзана со оваа билка.

– Ако сакате ова салонско цвеќе да го промени вашиот живот, искрено треба да го сакате и да се грижите за него. Истото бара редовно полевање, да се прихранува, дури и да се лекува ако тоа е потребно. Ако билката ја почувствува вашата љубов, ќе ви ги открие своите магични својства – напиша една читателка.

Следни Објави

Совршенство во Кан: За овој фустан зборуваат сите!

Една од највлијателните светски блогерки, Германката Леони Хан, повторно ја воодушеви модната критика. Овојпат тоа го направи на филмскиот фестивал во Кан каде успеа да засени многу поголеми ѕвезди од неа кои прошетаа на црвениот килим. Хан одбра раскошен бел фустан, асиметрична лелеава креација инспирирана од грчките божици. Стајлингот го […]