fbpx

Девојче се самоуби на 12 години: Мајката објави вознемирувачко видео

По четири ноќи поминати во болница, почина Семина Халивел, пренесува „Ливерпул Ехо“. Мајката Рејчел Халивел тврди дека откако нејзината ќерка пријавила силување, не престанале да ја малтретираат на социјалните мрежи се’ додека не си го одзела животот.

Полицијата на Мерсејсајд потврди дека бил поднесен извештај за сексуално злоставување на 12-годишно девојче.

„Откако насилно ѝ е одземена невиноста, Семина секојдневно беше малтретирана на социјалните мрежи. Повеќе не можеше да издржи“, раскажува нејзината мајка.

Таа неодамна сподели видео на кое се гледа како Семина се соочува со насилство во два наврата. На снимката се гледа како група тинејџери ја удираат и ја шутираат.

„Сакам целата земја да види низ што помина мојата ќерка. Нема да застанам дури не ја добијам правдата за моето чедо“, порача Рејчел.

Додава дека и сега по смртта се соочува со вербални напади. Некои дури ѝ се заканиле дека ако не го отстрани видеото, ќе го уништат гробот на ќерка ѝ.

Полицијата и понатаму ги истражува деталите за силувањето и наводите за нејзиното самоубиство.

Вознемирувачкото видео можете да го погледнете ТУКА!

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

(ФОТО) Гола жена влезе во автобус: Се држи за шипка, луѓето во шок

Се’ уште е непознато која е причината поради која оваа русокоса се одлучила на ваков потег На социјалните мрежи се појави скандалозна фотографија на која се наоѓа атрактивна жена како од мајка родена во градски превоз. Таа најнормално се држи за шипка и како и останатите патници мирно се вози […]