fbpx

Коса како од реклама, чанта за која жените сонуваат: Сопругата на Бектеши блесна на црвениот килим

Албанскиот народен театар во Скопје викендов ги отвори вратите за јавноста во реновираната зграда.

На настанот присуствуваа бројни познати личности од политичкиот и од културно-општествениот живот, а најмногу внимание привлече сопругата на министерот за економија Крешник Бектеши.

Со долга пуштена коса, сјајна и негувана како од реклама за некој шампон и со вкусно одбрани модни парчиња, Улка дефинитивно ги засени другите на црвениот килим.

Стајлингот го надополни со скапа дизајнирана чанта на Мајкл Корс и со преубав накит.

Министерот Бектеши на социјалните мрежи често објавува фотографии со сопругата. Неодамна откри дека се запознале пред повеќе од 13 години преку еден другар музичар, за време на снимањето на спот во Струга.

Двојката има седумгодишна ќерка и тригодишен син.

Фото: Teatri Shqiptar/Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Почина девојче: Мајката Наталија се бори за живот, сопругот Владимир во шок

Роднините и пријателите тврдат дека била грижлива мајка Наталија Петунина е обвинета за брутално убиство на својата тригодишна ќерка. Таа е во критична состојба, откако се обидела да се самоуби непосредно по злосторството што го направила. Според првичните информации од истрагата, Русинката од Кировград си го нападнала сопственото чедо откако […]