fbpx

Почина девојче: Мајката Наталија се бори за живот, сопругот Владимир во шок

Роднините и пријателите тврдат дека била грижлива мајка

Наталија Петунина е обвинета за брутално убиство на својата тригодишна ќерка.

Таа е во критична состојба, откако се обидела да се самоуби непосредно по злосторството што го направила.

Според првичните информации од истрагата, Русинката од Кировград си го нападнала сопственото чедо откако претходно испила огромна количина антидепресиви, а состојбата ѝ се влошила до таа мера што земала чекан и почнала да ја удира ќеркичката Лиса во главата се додека малото не испуштило душа, пренесуваат локалните медиуми.

По враќањето од работа, сопругот Владимир го пронашол своето мртво дете во локва крв. Веднаш повикал брза помош, но лекарите само констатирале дека Лиса починала.

По трагедијата, Наталија се обидела да си го одзеде животот скокајќи од третиот кат на зградата. Веднаш е хоспитализирана и се бори за живот.

„Доколку се опорави, на мајката ѝ се заканува казна затвор до 20 години ако биде осудена за убиство на ќерка си, без разлика што била под влијание на лекарства“, изјави полицискиот портпарол Валериј Горелих.

Семејството и пријателите на Наталија се во шок. И покрај борбата со депресијата, тие тврдат дека таа била грижлива мајка.

„Ја сакаше ќерката и се грижеше за неа. Никогаш не помислив дека може да се случи нешто вакво“, изјави нејзин близок роднина.

Фото: Фејсбук/Профимедија

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Тага до небо: Почина познатиот водител

Колегите го опишуваат како енергичен, ведар и исклучително храбар човек На 50-годишна возраст почина популарниот водител на едуктивното шоу „Неверојатно интересни приказни“. Алексеј Каминанте беше заштитно лице на РЕН ТВ, а информацијата за неговата смрт со неверување одекна во руските медиуми. Познатиот шоумен, познат и како светски патник, професионално посети […]