fbpx

Не е завршено нашето судење: Велевска открива зошто не живее со децата

Елена Велевска одлучи да открие нови детали за приватниот живот.

Познатата фолкерка призна дека не живее со своите три деца Софија, Калија и Марко кои ги има од бракот со бизнисменот Марјан Мирчески.

„Многу е потешко сега нашето гледање, бидејќи тие се во Охрид, а јас сум во Прилеп. Но, ете, така се одлучи до некаде, не е ништо завршено со нашето судење, но можеби најдобро за да не се прават стресови е да останат таму, бидејќи во Охрид се израснати“, вели таа за естрадниот магазин „Бекстејџ“.

Велевска објаснува дека со поранешниот сопруг секогаш ја гледаат најдобрата страна за нивните деца.

„Јас и тој не сме повеќе во брак. Многу подобро функционираме разведени, можеби тоа било и формулата за да секој биде среќен. Факт е дека ние имаме три деца и заради нив подобро е да отанеме во добри односи. Сепак има поважни животи од мојот и од неговиот“, искрена е пејачката.

Велевска пред неколку години го обвини Мирчески за семејно насилство. Тој, пак, подоцна тврдеше дека Елена има нарушена здравствена состојба и дека е опасна за околината.

Во февруари минатата година најави дека ќе направи сѐ што може да ѝ помогне, но и дека до крај ќе се бори за старателството над нивните три деца.

Елена и Марјан беа повеќе од десет години во брак. Велевска го запозна Мирчески на една од нејзините турнеји во Австралија. Ѝ се случила љубов на прв поглед, раскажа таа во едно интервју.  

Марјан, покрај трите деца со Велевска има возрасни ќерка и син, кои живеат во Австралија со неговата прва сопруга.

Ј.П.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Идентично се самоубиле: Забранета љубов ја потресе Македонија

Двојна трагедија ја потресе македонската јавност. Во Штипско, во последните 24 часа се самоубиле момче и девојка на идентичен начин. Според првичните информации, младите на возраст од 22 и 25 години биле во врска, а локалната телевизија Стар дознава дека наводно во прашање е забранета љубов. Била вредна, им помагала […]