fbpx

Шокантен пресврт: Лечиќ е чист, испливаа детали од родното село на Даниела

Белградското јавно обвинителство ја отфрли кривичната пријава на актерката Даниела Штајнфелд против колегата Бранислав Лечиќ, информираат српските медиуми.

Портпаролката на обвинителството, Ивана Ракочевиќ, изјавила дека одлуката не е правосилна и дека Даниела има право да поднесе жалба до Апелација.

Лечиќ кој е и поранешниот министер за култура и поранешен висок функцинер на партија, по нападите изјави дека никогаш не бил агресивен кон ниту една жена, но на прашање во едно постаро негово интервју дали некогаш во животот удрил жена, тој одговара потврдно.

На Штајнфелд преку ноќ ѝ се промени животот откако пред четири месеци го обвини Лечиќ дека ја силувал во 2012 година. Порталите не престанаа да пишуваат за подзаборавената актерка која публиката најмногу ја памети по улогата во култното остварување „Ивкова слава“.

Некои новинари дури одлучија да го посетат и нејзиното родно село Руски Крстур во општина Кула. Нејзините соседи проговориja за актерката и открија каква е таа позади камерите.

Држи ме цврсто: Вака зборуваше силуваната Даниела за актерот Бранислав Лечиќ

„Одевме во исто училиште. Често ја гледав во драмската секција. Ние во селото не знаевме што ѝ се случило. Таа беше и остана девојка за пример. Кого ѝ да прашате овде, ќе го добиете истиот одговор. Беше најубавата девојка која глумеше во „Ивкова слава“ и цело село се гордееше. Нашето село е мало, па штом почне за некој да се зборува нешто лошо, сите имаат поган јазик. За конкретниот случај мислењата овде се поделени. Има и такви кои сметаат дека се работи за огромна лага, но кога ја видов веднаш забележав дека го нема оној препознатлив сјај во очите. Лично, верувам дека е жртва на силување, сочувствувам со неа и секогаш ќе ѝ давам поддршка“, изјавила нејзина познајничка која инсистирала да остане анонимна.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Забремени на 11 години: Кога ја однеле на психолог, слушнале болна вистина

Единаесетгодишно девојче се пожалило на болки во стомакот пред да биде однесено во болница и лекарите да констатираат дека е во 17-та недела од бременоста. Оваа вест ги шокирала нејзините родители, а во прв момент ќерката не сакала со никого да разговара. Конечно, еден психолог од аргентинската клиника Гилјермо Ровсон […]