fbpx

Била вредна, им помагала на другите: Која е девојката што се самоуби?

Голема трагедија во последниве 24 часа ја потресе македонската јавност по двојното самоубиство во Штипско.

Млади сопружници си го одзедоа животот на идентичен начин.

Прес 24 открива нови детали за несреќата.

„Мештаните во селото Аргулица се во шок. За девојката потенцираат дека била мирна и вредна, дека постојано им помагала доколку им била потребна медицинска помош, бидејќи работела во штипското Инфективно одделение како медицинска сестра и за време на неколкуте бранови била, како што велат, во првите борбени редови да им помага на пациентите во тешка здравствена состојба“, пишува Прес 24.

Според извори на порталот, покрај телото на девојката е пронајдено и проштално писмо.

Од СВР Штип претходно потврдија дека момчето вчера си го одзело животот на археолошкиот локалитет Баргала, а девојката денеска во селото Аргулица. Телата се предадени на обдукција.

Фото: Принтскрин/ТВ Стар

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Нина ја откри вистината за Лечиќ: Објави доказ кој менува сè

Не стивнуваат реакциите откако Белградското јавно обвинителство ја отфрли кривичната пријава на актерката Даниела Штајнфелд против колегата Бранислав Лечиќ. Подзаборавената актерка која публиката најмногу ја памети по улогата во култното остварување „Ивкова слава“, пред неколку месеци го обвини актерот и поранешен министер за култура дека ја силувал во 2012 година. […]