fbpx

Идентично се самоубиле: Забранета љубов ја потресе Македонија

Двојна трагедија ја потресе македонската јавност.

Во Штипско, во последните 24 часа се самоубиле момче и девојка на идентичен начин.

Според првичните информации, младите на возраст од 22 и 25 години биле во врска, а локалната телевизија Стар дознава дека наводно во прашање е забранета љубов.

Била вредна, им помагала на другите: Која е девојката што се самоуби?

Момчето вчера си го одзело животот на археолошкиот локалитет Баргала, а девојката денеска во селото Аргулица, потврдија од СВР Штип.

Според последните информации, сепак станувало збор за млада брачна двојка која живеела одвоено, а не за момче и девојка.

Роднини и пријатели на момчето, кое е син на штипски полицаец, велат дека тој бил разочаран што се разделил од сопругата, па кога дознал дека нејзините сакале да ја омажат за друг решил да се самоубие. Кога дознала за неговата смрт и сопругата одлучила да се самоубие, во една помошна просторија од нивната куќа во селото Аргулица, информира СДК.мк

Фото: Принтскрин/ТВ Стар

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Била вредна, им помагала на другите: Која е девојката што се самоуби?

Голема трагедија во последниве 24 часа ја потресе македонската јавност по двојното самоубиство во Штипско. Млади сопружници си го одзедоа животот на идентичен начин. Прес 24 открива нови детали за несреќата. „Мештаните во селото Аргулица се во шок. За девојката потенцираат дека била мирна и вредна, дека постојано им помагала […]