fbpx

Ангелу наш, почивај во мир: Трогателна посвета за девојката што се самоуби

По двојното самоубиство во Штипско, не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи.

Мештаните од селото Аргулица се во шок за девојката која си го одзеде животот, а за која потенцираат дека била мирна и вредна личност, вработена во штипското Инфективно одделение како медицинска сестра.

Со трогателна посвета на „Фејсбук“ се огласи и штипскиот градоначалник Сашко Николов.

„Мила душо наша. Ангел наш. Почивај во мир! Каратистка, вредна медицинска сестра, прекрасна личност“, напиша тој.

Според последните информации, пред трагедијата таа и нејзиниот сопруг живееле одвоено. Роднини и пријатели на момчето, кое е син на штипски полицаец, велат дека тој бил разочаран што се разделил од неа, па кога дознал дека нејзините сакале да ја омажат за друг, решил да се самоубие. Кога дознала за неговата смрт и таа одлучила да се самоубие, во една помошна просторија од семејната куќа во Аргулица.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Славчо: Доаѓа нова нестабилност и невреме

Стружанецот Славчо Попоски веќе неколку години е хит со своите метео-анализи. Луѓето му веруваат и има илјадници следбеници на социјалните мрежи. Според неговата најнова анализа за времето во Македонија, во наредните три дена не’ очекува нова нестабилност и ново невреме. Локална појава на нестабилност проследена со изолирана појава на пороен […]