fbpx

Нина ја откри вистината за Лечиќ: Објави доказ кој менува сè

Не стивнуваат реакциите откако Белградското јавно обвинителство ја отфрли кривичната пријава на актерката Даниела Штајнфелд против колегата Бранислав Лечиќ.

Подзаборавената актерка која публиката најмногу ја памети по улогата во култното остварување „Ивкова слава“, пред неколку месеци го обвини актерот и поранешен министер за култура дека ја силувал во 2012 година.

Сега се огласи и Нина Радуловиќ, поранешната сопруга на Лечиќ. Таа тврди дека на 7 мај кога Бранислав наводно ја злоставувал Даниела, тој денот го поминал со неа.

Шокантен пресврт: Бранислав Лечиќ откри зошто бил насилен кон жени

По одиграната претстава „Не е смртта велосипед (да ти го украдат)“ во Југословенскиот народен театар, Лечиќ ѝ се придружил на тогашната сопруга во извиканиот клуб „Синема“ каде што таа настапувала.

„За ова алиби постојат бројни докази, меѓу другото и објави на социјалните мрежи, фотографии и снимки од безбедносни камери“, наведува Чедомир Стојковиќ, адвокатот на Лечиќ.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ангелу наш, почивај во мир: Трогателна посвета за девојката што се самоуби

По двојното самоубиство во Штипско, не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи. Мештаните од селото Аргулица се во шок за девојката која си го одзеде животот, а за која потенцираат дека била мирна и вредна личност, вработена во штипското Инфективно одделение како медицинска сестра. Со трогателна посвета на „Фејсбук“ се огласи […]