fbpx

Бремена почина пред олтар: Потресни зборови од несудениот сопруг

Млада трудница почина само неколку минути пред да застане пред олтар.

Позади себе остави неутешен вереник и бебе кое е итно породено со царски рез и се’ уште се наоѓа во болница.

Медицинската сестра Џесика Гедес од Бразил била во шестиот месец од бременоста и навидум здрава кога почнала да се чувствува лошо во лимузината на патот до црквата во Сао Паоло.

Нејзиното семејство прво помислило дека во прашање е исцрпеност, со оглед на набиената агенда пред церемонијата, откако се пожалила дека чувствува вртоглавица и болки во вратот.

Не биле свесни дека таа всушност боледува од прееклампсија (сериозна компликација што се јавува во текот на бременоста и претставува сериозна закана за намалување на дотокот на крв) и дека ќе заврши фатално.

Брзо по пристигнувањето во болницата, лекарите ја прогласиле за мртва, пренесува „Дејли меил“.

Нејзиниот вереник, пожарникарот Флавио Гончалвез, се шокирал кога чекајќи ја пред олтарот ја дознал трагичната вест.

„Веднаш дотрчав до автомобилот во кој беше легната. Ѝ се поврати свеста, успеав да ѝ кажам дека ја сакам и дека сум овде до неа. Ми одговори дека се’ е во ред, но дека има силна болка во грбот и вратот“, раскажува Флавио.

Бргу била хоспитализирана, а според лекарскиот извештај доживеала мозочен удар поради прееклапмпсијата и внатрешното крварење што значело дека хирурзите морале да ѝ ја извадат матката.

Со оглед на сериозноста на случајот, медицинскиот тим извршил итен царски рез за да ги спасат животите на бебето и на младата мајка, но таа по операцијата починала.

Софија е родена со 930 грама, се’ уште е на интензивна нега каде што ќе остане барем уште два месеца.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Светот тагува: Почина ѕвездата од „Малечката невеста“

Тагуваат фановите ширум светот на мегапопуларната ТВ-серија „Малечката невеста“. Почина една од главните протагонистки, актерката која го толкуваше ликот на извиканата Дадиша. Причината за смртта на 75-годишната легендарна индиска глумица Сурека Сикри е срцев напад. На различни континенти, а особено во својата земја, таа уживаше ѕвезден статус. Медиумите во Индија […]