fbpx

Десет месеци бил во странство кога сопругата забременила: Пресврт наместо развод

Кога Чарлс Стујарт од Тексас прифатил да замине во Кина на привремена работа во голема компанија во Шангај, не ни можел да претпостави дека седум месеци подоцна таму ќе го затекне пандемијата.

Уште полошо, и самиот се заразил, па девет дена лекарите се бореле за неговиот живот откако бил хоспитализиран со тешка пневмонија.

Конечно бил пуштен на домашно лекување, а тогаш следувал нов шок – дознал дека сопругата е бремена.

Поради рестриктивните мерки, Чарлс не можел да ја напушти Кина се’ до летото 2020 година, кога Мајра и се породила. Во Шангај останал цели десет месеци. Во интервју за KXAN Њуз открива дека по враќањето во татковината, веднаш сакал да се разведе.

„Додека бев во странство секоја вечер се слушавме, се гледавме, се бакнувавме преку екранот. Кога се заразив и заглавив во болница, ѝ се јавив да не ме чека и дека веројатно нема да преживеам. Потоа не се слушнавме повеќе од два месеца. Во болницата некој ми го украде мобилниот и полначот, а немав средства кај себе да обезбедам нов. Дури кога излегов, успеав преку некои колеги да се снајдам и да добијам телефон. На почетокот жена ми премолча дека е бремена. Тоа не го знаев ниту во наредните месец и половина по доаѓањето во хотелската соба. Се преправаше дека се’ е во ред, дека нема ништо ново, иако веќе насетував дека нешто крие“, раскажува Чарлс.

Мира со месеци ја болело глава, свекрвата ја тешела: Занемела кога открила што се случува

Неколку дена пред враќањето во Америка, конечно му признала. Заплакала додека зборувале на „Скајп“, но од среќа. Бидејќи тој ништо не знаел за бременоста, ја прекинал врската.

„Многу бев лут. Имавме ќерка од шест години, убав брак, помислата на нив две ме одржа во живот. Се прашував како можеше тоа да ми го направи. Кога излегов од болница ми кажа дека била уверена дека сум мртов, бидејќи не сум се јавувал и немала никакви информации за мене. Сфатив дека брзо продолжила понатаму со животот и во авионот само размислував за преселбата бидејќи куќата гласи на нејзино име, а и некако се помирив дека и ќерката сигурно ќе ја добие на суд. Одлучив веднаш да заминам кај брат ми и таму да се скрасам дури не помине овој кошмар“, искрено зборува тој.

Забремени на 11 години: Кога ја однеле на психолог, слушнале болна вистина

А, тогаш се случил голем пресврт. Во домот сопругата го дочекала во солзи, но и со некакви балони.

„Ме прегрна, а јас видно нервозен заминав во другата соба со ќерката. Само седев со неа и плачев. Потоа влезе Мајра и ме праша зошто така се однесувам кога по вторпат ќе станам татко? Ја гледав збунувачки, ја обвинив дека ме лаже. Тогаш ми објасни дека заминала на вештачко оплодување со замрзнати ембриони кои ги оставив една година претходно за „не дај боже“. Како да претчувствував дека нешто може да ми се случи, за еден ден таа да може повторно да забремени ако ме нема. Бев во бунило. Вистински хаос! Милион пати ѝ се извинив. Веднаш ми прости, сфати како тоа изгледало од моја гледна точка“, појаснува Чарлс кој стана татко на уште едно девојче.

Фото: KXAN Њуз/Принтскрин

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Бремена почина пред олтар: Потресни зборови од несудениот сопруг

Млада трудница почина само неколку минути пред да застане пред олтар. Позади себе остави неутешен вереник и бебе кое е итно породено со царски рез и се’ уште се наоѓа во болница. Медицинската сестра Џесика Гедес од Бразил била во шестиот месец од бременоста и навидум здрава кога почнала да […]