fbpx

Светот тагува: Почина ѕвездата од „Малечката невеста“

Тагуваат фановите ширум светот на мегапопуларната ТВ-серија „Малечката невеста“.

Почина една од главните протагонистки, актерката која го толкуваше ликот на извиканата Дадиша.

Причината за смртта на 75-годишната легендарна индиска глумица Сурека Сикри е срцев напад.

На различни континенти, а особено во својата земја, таа уживаше ѕвезден статус. Медиумите во Индија пишуваат дека ова е голема загуба за Боливуд.

„Подолго време страдаше од компликациите по мозочниот удар кој претходно го преживеа. Семејството замолува за приватност во овие тешки моменти“, стои во официјалното соопштение.

Фото: ФрешХедлајн/Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Која е сопругата на Христијан Мицкоски?

Секогаш кога ќе се појави на јавен настан, сопругата на Христијан Мицкоски предизвикува внимание. Поубавата половина на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не е активна на социјалните мрежи. Рози Мицкоска веќе 15 години е професорка по македонски јазик во гимназијата „Орце Николов“. Таа е родена струмичанка, а во Скопје е од 1996 […]