fbpx

Која е сопругата на Христијан Мицкоски?

Секогаш кога ќе се појави на јавен настан, сопругата на Христијан Мицкоски предизвикува внимание.

Поубавата половина на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не е активна на социјалните мрежи.

Рози Мицкоска веќе 15 години е професорка по македонски јазик во гимназијата „Орце Николов“.

Таа е родена струмичанка, а во Скопје е од 1996 година, кога дошла да студира. Со Христијан се заедно уште од студентските денови, а врската ја крунисале со брак во 2005 година.

– Се омажив за инженер, магистер на Машински факултет. Сега живеам со професор на Машинскиот факултет и политичар. Иако е огромен предизвик, се надевам дека успешно се снаоѓам во таа улога. Сега, како жена на политичар не ми е потешко од претходно, има повеќе обврски, но секако и повеќе предизвици – изјави Мицкоска за „Вечер“.

Како интересен момент од нивната долгогодишна врска го издвојува оној кога Христијан доброволно се пријавил да служи војска во 2004 година, а дури отпосле ѝ го соопштил тоа.

Круна на нивната љубов се синовите Јован и Антони.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Почивај во мир, докторе: Македонија тагува

Уште еден македонски лекар ја загуби најважната животна битка. По кратко боледување, вчера на педесет и осум годишна возраст почина д-р Зоран Матев, специјалист по интерни заболувања. Триесет години беше вработен како лекар во ЈЗУ „Болница Јасеново“. Својата  професионална кариера ја започна како лекар по Општа медицина.   По краток […]