fbpx

На секои сто Македонци двајца се Александар: Име со посебно значење

Според официјалните статистички податоци, на секои сто Македонци, барем двајца се викаат Александар.

Дефинитивно станува збор за најчестото машко име затоа што на овааа педа земја има над 23.500 Македонци што го носат ова име.

Според православниот календар, оригиналната форма на името е: Ἀλέξανδρος. Името е со грчко потекло, а значењето е составено од два дела: ἀλέξειν – брани, заштитува и ἀνήρ – маж, значи „заштитник“.

Александар, исто така, е доста популарно име и во светски рамки. Во 2016-та било на 11-то место, а во 2009-та дури на 4-то место.

Женската верзија на името – Александра, најголемата популарност ја доживува помеѓу 1967 и 1972 година.

Какво значење се крие во личностите кои го носат ова име, односно какви се всушност тие, објаснува и нумерологијата која вели дека се благи, нежни и со мирољубива природа. Делуваат смирувачки на околината и знаат да ги утешат другите луѓе кога тоа им е најпотребно.

Следни Објави

Ќе има ли свадба? Цеца одговори на најочекуваното прашање

Македонските фанови возбудено го очекуваат концертот на Цеца Ражњатовиќ закажан на 21 август во Пробиштип. По олабавувањето на мерките, балканската фолк-ѕвезда речиси секој викенд има настапи, а на последниот во Будва се појави во бел аутфит, креација која многу наликува на веренички фустан. Цеца побрза да им објасни на новинарите […]