fbpx

Почивај во мир, докторе: Македонија тагува

Уште еден македонски лекар ја загуби најважната животна битка.

По кратко боледување, вчера на педесет и осум годишна возраст почина д-р Зоран Матев, специјалист по интерни заболувања.

Триесет години беше вработен како лекар во ЈЗУ „Болница Јасеново“. Својата  професионална кариера ја започна како лекар по Општа медицина.  

По краток временски период од вработувањето доби специјализација по Интерна медицина. Како специјалист во реномираната болница работеше и откако доби супспецијализација на истата медицинска област.

Д-р Матев смртта го затекна во вториот мандат на функцијата директор на ЈЗУ „Болница Јасеново“ што започна да ја извршува во месец август 2017 година, информира порталот Дума.

Во болницата, денеска се одржа комеморативна седница на која за професионалниот животен пат пред колегите и вработените зборуваше неговиот колега и заменик, д-р Мире Петкоски специјалист по интерни заболувања.

Д-р Матев ќе биде погребан на гробиштата на Соборната црква „Свети Пантелејмон“ во Велес.

Фото: Фејсбук/ТиРековМиРече

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

На секои сто Македонци двајца се Александар: Име со посебно значење

Според официјалните статистички податоци, на секои сто Македонци, барем двајца се викаат Александар. Дефинитивно станува збор за најчестото машко име затоа што на овааа педа земја има над 23.500 Македонци што го носат ова име. Според православниот календар, оригиналната форма на името е: Ἀλέξανδρος. Името е со грчко потекло, а значењето […]