fbpx

Ќе има ли свадба? Цеца одговори на најочекуваното прашање

Македонските фанови возбудено го очекуваат концертот на Цеца Ражњатовиќ закажан на 21 август во Пробиштип.

По олабавувањето на мерките, балканската фолк-ѕвезда речиси секој викенд има настапи, а на последниот во Будва се појави во бел аутфит, креација која многу наликува на веренички фустан.

Цеца побрза да им објасни на новинарите дека не станува збор за никаква симболика и истовремено одговори на најочекуваното прашање.

„Еднаш се омажив и не планирам повторно да застанам пред олтар. Сите прашуваат каде е Богдан, но како што и мене ова ми е работа, така и тој имаше обврски на деловен план“, јасно порача таа за својот осум години помлад партнер, по завршувањето на концертот во дискотеката „Топ Хил“.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Трагедија: Три момчиња загинаа кај Зеница

Три момчиња загинаа во сообраќајна несреќа која се случила синоќа околу 22 часот на магистралниот пат М-17, во близина на Зеница. Единствен преживеан е 17-годишниот Н.М. кој е тешко повреден и лекарите се борат за неговиот живот, јавуваат босанските медиуми. На лице место починале Нермин Камериќ (22), Ајдин Тахиќ (19) […]