fbpx

Нереални сцени по катастрофалните поплави во Кина

Снимката со преплашени патници заробени во метро јасно ги покажува последиците од катастрофалните поплави во централна Кина, јавуваат светските агенции.

Најмалку 18 луѓе загинаа во покраината Хенан, а досега се евакуирани преку 100.000 жители од пониските делови на градот.

На видеата кои се поставуваат на социјалните мрежи може да се видат нереални сцени од поплавените вагони.

„Ова е како да се снима хорор-филм“, се слуша на снимката како зборува еден човек во метрото“, пренесува „Њујорк тајмс“.

На други видеа се гледа потопен подземен трговски центар, но и очајнички обиди на луѓето со импровизации да си го спасат сопствениот живот.

Илјадници пожарникари и припадници на војската се распоредени во зоната на катастрофата. Многу луѓе се заробени во згради и хотели. Напорите за спасување се’ уште траат.

Фото: ЕПН Њузком/Принтскрин

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Почина инфлуенсерка: Нејзините последни зборови ќе ве скршат!

Популарната инфлуенсерка Јулија Хенеси трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа со мотор, а нејзиниот сопруг Даниел Кајуела е тешко повреден. Трагедијата доби дополнително медиумско внимание поради последната објава на „Инстаграм“ на 22-годишната девојка за која велат дека си ја предвидела смртта. Непосредно пред инцидентот, на нејзиниот профил кој го […]