fbpx

Почина инфлуенсерка: Нејзините последни зборови ќе ве скршат!

Популарната инфлуенсерка Јулија Хенеси трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа со мотор, а нејзиниот сопруг Даниел Кајуела е тешко повреден.

Трагедијата доби дополнително медиумско внимание поради последната објава на „Инстаграм“ на 22-годишната девојка за која велат дека си ја предвидела смртта.

Непосредно пред инцидентот, на нејзиниот профил кој го следат повеќе од 300.000 луѓе, е постирана фотографија на која Јулија и Даниел позираат во мото-опрема.

„Животот е краток, да бидеме луди. Јас, ти, Бог и патот. Твоите соништа се и мои“, стои напишано под објавата.

Овие зборови никого не оставија рамнодушен, а некои прокоментираа дека „ова е баш бизарно“.

Двојката патувала по планините во јужен Бразил кога нивниот мотор се судрил со камион. Со хеликоптер, Јулија итно била пренесена во болница каде, за жал, подоцна била прогласена за мртва.

Нејзиниот сопруг е исто така хоспитализиран и лекарите морале веднаш да му извршат две операции.

„Шокирани сме. Ова е претешко за нас. Јулија беше моја ќерка од својата шестта година. Болката е голема“, изјави нејзиниот очув Џеронимо за бразилските медиуми.

Тој им откри на новинарите дека по несреќата Даниел не бил свесен дека Јулија починала, па морале членовите на семејството да му ја соопштат тажната вест.

Јулија која уживаше голема популарност на социјалните мрежи студирала биомедицина, а нејзин професионален сон бил да отвори сопствена клиника.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Македонија тагува: Уште еден доктор прерано нè напушти

Нова тажна вест утрово. Уште еден македонски здравствен работник прерано нè напушти.  Ненадејно во Грција почина познатиот штипски гинеколог-специјалист, д-р Александар Стојанов. Тој пред неколку години беше и директор на Клиничката болница -Штип. Според извори на ТВ Стар, Стојанов претрпел масивен инфаркт. Фото: ТВ Стар/Принтскрин * Текстот не смее да биде […]