fbpx

Ана исчезна пред 40 години: Шокантна вистина по смртта на мајка ѝ

Две сестри кои исчезнаа пред четири децении, сега се пронајдени живи. Нивниот случај го заинтригира светот, особено откако се случи нешто неочекувано. Ана Хејз која сега има 71 година и нејзината 57-годишна сестра Ким тврдат дека немале поим оти се водат како исчезнати.

Последен пат нивната мајка ги видела во 1981 година во Едмонтон, Канада. Нивното исчезнување го пријавила дури во 2003 година, но никогаш не се дозна зошто чекала толку долго. Таа починала пред осум години и не успеала да дознае што се случува со нејзините ќерки.

Ким која сега живее во Америка и користи друго име, ги замоли медиумите за приватност.

Во даден момент од истрагата, полицијата дури мислела дека сестрите се жртви на серискиот убиец Роберт Пиктон кој во средината на 90-тите ликвидира неколку жени и ги закопа на својата фарма. Сепак, ДНК анализата покажа дека службата не била во право.

Во 2012 година, пак, властите пронашле Ана Хејз во Ванкувер, но таа сепак не била една од исчезнатите сестри. Сепак, многу ѝ помогнала на полицијата. Оваа жена сочувала исечок од весник од 1984 година за личноста со која делат исто име и презиме, а која напишала книга. Тогаш полицијата сфатила дека авторката користи различни имиња, меѓу кои Ана и Ким Хејз.

Сестрите користеле повеќе лажни имиња по напуштањето на домот. На крај, допатувале во САД. Тогаш во печатените медиуми се појавила уште една приказна за авторката на книгата, овојпат со фотографија. Истрагата открила дека жената од сликата има и сестра. Отпечатоците на прстите конечно потврдиле дека тоа се Ана и Ким.

Во времето кога исчезнале, Ана која тогаш имала 43 години била во лоши односи со семејството и имала финансиски проблеми. Иако Ким добро се согласувала со семејството, одлучила да ја поддржи сестра си. Тогаш имала 29 години. Полицијата вели дека биле неразделни.

Фото: Твитер/Принтскрин

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Секое дете е карма на родителите: Добро прочитајте и ќе разберете!

Ништо не е случајно! Секоја личност доаѓа на овој свет со специјална, единствена мисија. Оди по својот пат, но и влијае на животот на своите родители. Да, тоа мало суштество доаѓа да ве научи на многу работи. Да ве врати во вистинскиот правец. Да ве исчеличи. Радикално и засекогаш да […]