fbpx

Секое дете е карма на родителите: Добро прочитајте и ќе разберете!

Ништо не е случајно!

Секоја личност доаѓа на овој свет со специјална, единствена мисија. Оди по својот пат, но и влијае на животот на своите родители.

Да, тоа мало суштество доаѓа да ве научи на многу работи. Да ве врати во вистинскиот правец. Да ве исчеличи. Радикално и засекогаш да ви го промени животот.

Од друга страна, родителите често знаат во своето дете да препознаат „крст“, казна за нешто што направиле во младоста..

Ако постар човек искрено ги согледа и ги анализира животните достигнувања, сигурно ќе ги види сите успеси и победи кои никогаш не би ги постигнал доколку немал дете, без разлика дали е во прашање промена во карактерот, пресврт во кариерата или нешто трето.

Детето е како машина која ве бутка напред и кога немате сила, кое ви покажува на што се’ сте подготвени, без воопшто да бидете свесни, колку љубезни, трпеливи и несебични можете да бидете..

Децата често им отвораат нови погледи на родителите. Детската душа ги одбира родителите кои мислат дека не умеат да дадат љубов, баш да ги увери во спротивното.

Колку сте станале помудри откако сте се оствариле како родители? Размислете!

Ако детето не живее со вас, ако имате нарушени односи, размислете каде сте погрешиле, што не сте дослушале, што не сте разбрале. Никогаш не е доцна да сфатите.

Ако имате болно дете, тоа е животна лекција која ќе ве направи посилни. Ќе научите да уживате во секој ден, што и да се случува. Да ја гледате среќата во најмалите нешта. Таквото дете е посебен дар. Со божја помош ќе оздрави и заедно ќе уживате во плодовите од најважното четиво кое сте го совладале.

Фото: Шатерсток

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Може сѐ да падне во вода: Шокантни детали за Беливук

Регионалните медиуми постојано пишуваат за нови моменти од истрагата во која е инволвиран Вељко Беливук и неговата криминална банда кои се обвинети за повеќе монструозни дела. Притворениот 36-годишен Веља Невоља со соработниците е осомничен за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на […]