fbpx

Замина на поубаво место: Рада Манојловиќ со трогателна посвета

Рада Манојловиќ сподели тажна порака на социјалните мрежи.

Пејачката напиша трогателни зборови за познатата српска мисица Дијана Милојковиќ.

Убавицата која ја препознаваа во целиот регион почина во 2019 година по долга и храбра битка со рак на матка. Имаше само 33 години.

„Ангелу, и после две години не знаеме на кој начин да прифатиме дека повеќе нема да не’ дочека твојата насмевка, твојата прекрасна слика, твојата енергија, љубовта која ја даваше на сите.. Но, остави трага во секој што те познаваше на било кој начин. Трага каква што посакуваше. А, тоа е да не се откажуваме, без разлика на товарот кој го носиме на сопствениот грб. Ниту ти не ја изгуби битката, но на Бог едноставно му фалеше некој како тебе. И замина, на некое поубаво место каде нема болка.. Еден ден, сите ќе заминеме таму. До нашата следна средба, чувај се, чувај ги нашите најмили“, напиша Манојловиќ во трогателната посвета.

Рада пред 20 години се соочи и со голема семејна трагедија кога нејзината мајка почина од рак, а која била нејзината најголема желба прочитајте ТУКА!

Фото: ТВ Прва/Принтскрин/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ана исчезна пред 40 години: Шокантна вистина по смртта на мајка ѝ

Две сестри кои исчезнаа пред четири децении, сега се пронајдени живи. Нивниот случај го заинтригира светот, особено откако се случи нешто неочекувано. Ана Хејз која сега има 71 година и нејзината 57-годишна сестра Ким тврдат дека немале поим оти се водат како исчезнати. Последен пат нивната мајка ги видела во […]