fbpx

Може сѐ да падне во вода: Шокантни детали за Беливук

Регионалните медиуми постојано пишуваат за нови моменти од истрагата во која е инволвиран Вељко Беливук и неговата криминална банда кои се обвинети за повеќе монструозни дела.

Притворениот 36-годишен Веља Невоља со соработниците е осомничен за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.

Последните информации поврзани за Беливук се дека судењето може повторно да биде одложено поради психичко растројство на Невоља кое наводно го има уште од најрана возраст.

Кога имал девет години, татко му извршил масакр во семејниот стан активирајќи рачна бомба. Настрадале тој, неговата сопруга Бранка и нејзината мајка Мирјана, а во станот бил и Вељко со уште едно дете за кои соседите се’ уште се чудат како преживеале.

Овие ѕвезди се осомничени дека работеле за Веља Невоља

Инаку, на социјалните мрежи може да се најдат два профила под името „Вељко Беливук“ кои се приватни и на кои има една објава.

На „Фејсбук“ постои профил со истото име од 2013 година, но и таму има само една објава. Не е пронајден ниту профилот на неговата сопруга Бојана, а и немаат ниту една заедничка фотографија.

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Те гушнав, но премалку: Синот на починатиот возач со трогателна порака

Десет луѓе загинаа во страшната сообраќајна несреќа што утрово се случи кај Славонски Брод откако косовски автобус излета од автопатот. Меѓу жртвите е и едниот од возачите на автобусот кој во моментот на несреќата не бил зад воланот, туку на совозачкото седиште. Од него, со трогателна порака на социјалните мрежи, […]