fbpx

Те гушнав, но премалку: Синот на починатиот возач со трогателна порака

Десет луѓе загинаа во страшната сообраќајна несреќа што утрово се случи кај Славонски Брод откако косовски автобус излета од автопатот.

Меѓу жртвите е и едниот од возачите на автобусот кој во моментот на несреќата не бил зад воланот, туку на совозачкото седиште.

Од него, со трогателна порака на социјалните мрежи, се прости синот Adhurim Sylmetajj.

„Ах, татко, болката е многу голема, тагата е многу голема. Оној ден кога те испратив до автобусот, ме прегрна, но премалку. Бог ти даде рај“, напиша тој за татка си.

Другиот возач кој го управувал автобусот и кој е исто така од Косово, е упасен и се наоѓа во притвор.

„Тој тврди дека за момент заспал, но околностите допрва ќе се утврдуваат“, изјави Славко Прањиќ, заменикот на општинскиот јавен обвинител.

Автобусот со 69 патници сообраќал на редовната линија Франкфурт-Приштина. Во возилото имало и 13 деца и сите преживеале.

Насловна: Ивица Галовик/Пиксел/Фејсбук

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Трагедија на 45 години: Почина славниот актер

Нова трагедија ја потресе светската шоубизнис индустрија. Уште еден актер прерано го напушти овој свет. Австралискиот глумец Дитер Брумер почина на 45-годишна возраст, а тажната вест на „Фејсбук“ ја потврди неговиот пријател Стив Коми. „Трогателна информација. Изгубивме личност со слободен дух. Прерано. Беше премлад“, напиша тој споделувајќи фотографија од актерот. […]