fbpx

Трагедија на 45 години: Почина славниот актер

Нова трагедија ја потресе светската шоубизнис индустрија.

Уште еден актер прерано го напушти овој свет.

Австралискиот глумец Дитер Брумер почина на 45-годишна возраст, а тажната вест на „Фејсбук“ ја потврди неговиот пријател Стив Коми.

„Трогателна информација. Изгубивме личност со слободен дух. Прерано. Беше премлад“, напиша тој споделувајќи фотографија од актерот.

„Мирор“ пишува дека Брумер е пронајден мртов во својот стан во Сиднеј, а полицијата им потврди на странските медиуми дека неговата смрт не се третира како сомнителна и дека наскоро ќе биде објавен и официјален извештај.

Дитер се прослави по улогата во телевизиската серија Home and Away во која глумеше од 1992 до 1996 година.

Подоцна глумеше во филмовите Tom`s Funeral и The Finder, во сапуницата Crash Palace, а беше дел и од реалното шоу Celebrity Circus.

Фото: Принтскрин Јутјуб/Фејсбук

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Без цензура: Легендарната српска актерка гола на плажа

Мирјана Карановиќ минатата година покажа како се ужива во летниот одмор. Легендарната српска актерка пријатно ги изненади фановите со фотографија од нудистичка плажа. Таа на својот профил на „Инстаграм“ сподели слика без фотошоп и цензура која предизвика лавина коментари и за кратко време доби илјадници лајкови. Карановиќ подоцна објави дека […]