fbpx

Почина легендарниот пејач: Колегите од бендот скршени од болка

Нова трагедија го потресе музичкиот свет.

Почина легендарниот музичар Мајк Хау, пејачот на бендот Metal Church, јавуваат светските медиуми. Имаше само 55 години.

„Со длабока тага мораме да ја соопштиме смртта на нашиот брат, пријател и вистинска легенда на хеви-метал музиката. Хау почина утрово. Не можеме со зборови да го опишеме тоа што го чувствуваме. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност и приватноста на неговото семејство во овие тешки моменти“, стои во официјалното соопштение на групата.

Причината за смртта се’ уште не е позната.

Легендарниот Хау кариерата ја започна во бендот Helion. Стана дел од поставата на Metal Church дури по осум години од формирањето на составот, за нивниот трет албум Blessing in Disguise. Една од најпопуларните песни на групата е темата Badlands.

Фото: Принтскрин Јутјуб

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Милан починал и по две дози вакцина: Магдалена со потресно сведоштво

На моја голема жалост, вчера ја примив вестта дека мојот колега од редакцијата „Мој збор“, Ристе, имал смртен случај во семејството, имено дека неговиот татко Милан Пауновски (61) преминал во тетовската болница како последица на коронавирусот. Бев погодена од трагичното случување, прво зошто тешко поднесувам смрт на други луѓе, а […]