fbpx

Скромно момче од Бутел со историски медал на градите: Кој е Дејан Георгиевски?

Македонската нација денеска повторно е сплотена, а причината за тоа е историскиот успех на таеквондистот Дејан Георгиевски.

По пауза од 2008 година, тој стана првиот роден Македонец со А-норма за Олимписки игри, а сега има сигурно сребро и сите сме во исчекување на финалната борба (14:45 часот по македонско време) .

Дали на градите на момчето од Бутел ќе блесне злато, ќе дознаеме многу бргу.

„Кога почнав да тренирам, имав сон да учествувам на олимписки игри. Кога станав европски сениорски шампион сонот порасна, тој е да донесам медал од Олимписки игри! Во оваа прилика сакам од се’ срце да ви се заблагодрам на сите за огромната поддршка, да се заблагодарам на сите медиуми за нивната исто така огромна поддршка, на сите оние кои ми помагаат и ќе ми помагаат во иднина, без вас сето ова би било помалку вредно. Јас живеев и ќе живеам за олимписки медал, пред и над се’ ЗА МАКЕДОНИЈА!“, напиша Георгиевски на „Фејсбук“ на 9 мај.

Дејан неодамна во интервју за „Екипа“ раскажа како му се родила љубовта за таеквондо.

„Во основното училиште каде што учев во Бутел на голем одмор дојдоа од таеквондо клубот Бутел и ни држеа презентација. Демонстрацијата беше како на филм со кршење даски, со скокање, а јас и брат ми веднаш се заљубивме и решивме да одиме да се запишеме. Како мали ни беше интересно, а со тек на време сфаќаш дека тоа е тоа со кое што сакаш да се занимаваш во животот. Иако како многу млад почнав со таеквондо, не мислам дека имам изгубено дел од детството, туку баш напротив многу имам добиено. За излегување со другари секој може да го прави тоа. Многу е потешко некој да биде професионален спортист да се натпреварува, да се бори и да остварува големи резултати. Време во животот има за се’, ако си го распоредите денот. Ние сме навикнати сите тие откажувања ни се навика и тоа ни е начин на животот. Така сме воспитани во клубот и не е никаков проблем за мене лично. Таеквондото е начин на живот“, објасни тој.

Георгиевски во 2017 година го освои првиот златен сениорски медал во олимписки спорт откако Македонија е независна држава. Има сребро од сениорско Европско првенство, сребро од Медитерански игри, две бронзи од Европско првенство У21 и едно сребро од сениорско клупско Европско првенство.

Фото: Фејсбук/МОК

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Почина легендарниот пејач: Колегите од бендот скршени од болка

Нова трагедија го потресе музичкиот свет. Почина легендарниот музичар Мајк Хау, пејачот на бендот Metal Church, јавуваат светските медиуми. Имаше само 55 години. „Со длабока тага мораме да ја соопштиме смртта на нашиот брат, пријател и вистинска легенда на хеви-метал музиката. Хау почина утрово. Не можеме со зборови да го […]