fbpx

Пет години без Марјан: Турунџиева со трогателна посвета за сопругот

Пред пет години почина сопругот на Сузана Турунџиева, познат скопски угостител и татко на нејзината помлада ќерка Матеа.

„Што да напишам, а што веќе не сум напишала?! Пет години“, објави познатата пејачка, водителка и писателка под црно-белата фотографијата што ја објави на „Фејсбук“.

Турунџиева во 2016 година му посвети книга на починатиот сопруг во која, како што самата напиша, се сместени најсреќните и најтажните моменти од нивната долгогодишна љубовна приказна.

„Постојано ми велеше дека животот е долг, дека има време.. Животот бил пред нас, и да не се грижам за ништо кога те имам тебе.. Велеше: Ќе имаме многу време злато мое и за да пропатуваме и за да ги посетиме сите земји кои ти се омилени. Јас жестоко ти се спротивставував и се обидував да те опоменам, да те потсетам дека не е така и дека животот е безобразно краток, суров и непредвидлив.. Не успеав.. Не успеав да ја променам судбината, да ти помогнам, да ја спасам нашата љубов, да го премости и тој кобен 28-ми јули, кога без збогум и предупредување ми заспа засекогаш.. А што се не сме претргале заедно.. Милион бури и невремиња.. Затоа решив да пишувам сонце мое.. пишував за нас, за тебе.. Ред солзи, ред букви.. Напишав лектира за љубовта, ВИСТИНСКАТА.. Да им помогне да научат да љубат на сите кои не љубеле и не биле љубени бар еднаш во животот! Ти благодарам што ме научи што е љубов, и што беше најдобриот дел од мојот живот.. И засекогаш ќе бидеш! До нашата следна средба, НЕ ВЕЛИ ЗБОГУМ љубов моја“, напиша Сузе во посветата на книгата.

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Живеам сама: Поетесата Искра Донева бара помош

Македонската поетеса Искра Донева која 38 години се бори со церебрална парализа постојано е активна на социјалните мрежи иницирајќи разни општествени промени. Донева сега го предизвика вниманието на јавноста со објава во групата „Здрава храна“ која ви ја пренесуваме во целост. Здраво на сите, Многу ми се допаѓаат јадењата што […]