fbpx

Живеам сама: Поетесата Искра Донева бара помош

Македонската поетеса Искра Донева која 38 години се бори со церебрална парализа постојано е активна на социјалните мрежи иницирајќи разни општествени промени.

Донева сега го предизвика вниманието на јавноста со објава во групата „Здрава храна“ која ви ја пренесуваме во целост.

Здраво на сите,

Многу ми се допаѓаат јадењата што ги споделувате овде, па решив да ви се обратам..

Јас сум девојка со церебрална парализа, живеам сама и за да не бидам само на сува храна и конзерви, дојдов на идеја да се обратам до членовите што живеат во Ново Лисиче и Аеродром кога ќе им остане јадење да ми го донесат, многу ќе ми значи готвено..

076223347

П.С. пополнет ми е бројот на пријатели, а и бавно пишувам, јавете ми се ве молам..

Благодарам на сите, луѓето се јавуваат и мислам ќе е во ред. Пишав со многу љубов за да се сподели оброк и се радувам што ме поддржавте.

Донева пред две години за „Види вака“ ја сподели својата животна приказна. Тогаш откри дека има две магистерски и дека пишувањето ја опушта.

„Јас сум вака родена, тоа не е мој избор. Меѓутоа, како општеството одговара на тоа, е тоа е вистинската попреченост. Оти, ова е само состојба којашто може да се поправи или оправи и да биде прилагодлива“, изјави таа.

Фото: Фејсбук

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

(ФОТО) Потресно: Ќерките на Карлеуша во паника

Балканската ѕвезда и нејзините две ќерки преживеаа вистинска драма во Турција Јелена Карлеуша со ќерките Атина и Ника вчера беа итно евакуирани во Турција. По локализирањето на пожарот, познатата пејачка се врати во хотелот, па на „Инстаграм“ сподели фотографија од своите наследнички на која јасно се гледа колку трауматично било […]