fbpx

И лекарите плачеле за Игор: За 13 дена цело семејство почина од корона

За неполни две недели, и Игор Милојевиќ и неговите родители Слободан и Душица починаа од последици на Ковид-19.

Лекарите плачеле откако не успеале да се изборат ниту за животот на 52-годишниот Игор, јавуваат локалните медиуми од Крушевац.

Поранешниот офицер кој бил разведен, позади себе остави три сина од кои најмладиот се’ уште е малолетен и има 15 години.

Оваа семејна трагедија е уште еден доказ дека ни од далеку не се надзира крајот на пандемијата со коронавирусот.

За трагедијата во семејството Милојевиќ сведочи нивен пријател.

Драмата почнала во јуни кога прво се заразиле Слободан (77) и Душица (72) кои живееле сами. Никој не знае со сигурност дали ги заразил некој од петте внуци кои ги посетувале или стариот ја пренел инфекцијата и на сопругата, бидејќи инцидентно присуствувал на некој поголем собир.

Откако качиле температура, во ковид-абулантата веднаш добиле терапија и биле пуштени во домашна изолација, бидејќи, како што вели пријателот, состојбата не им била драматична, а Игор секојдневно ги посетувал и им носел храна.

„Едно утро Слободан паднал во тоалетот, па Игор остана да преноќи кај родителите. Слободан имаше некои хронични болести, се сеќавам дека пред две-три години буквално го вративме од мртвите. Душица беше прилично активна пензионерка, имаше проблем со зглобовите, но ништо страшно“, раскажува пријателот и дополнува дека и двајцата на почетокот на масовната имунизација ја примиле кинеската вакцина како приоритетни граѓани.

Од нив се заразил и Игор кој не бил вакциниран. Имал вишок килограми, но немал никаква историја на болести.

„Родителите потоа ги сместија на полуинтензивна нега во ковид-болницата во Крушевац, еден до друг. И двајцата беа стабилни се’ до 5 јули кога на Слободан драматично му се влоши состојбата со масовна пневмонија на двете белодробни крила. Следниот ден веќе го ставија на респиратор. Душица беше добра, дури размислуваа на 8 јули да ја отпуштат, но се испостави дека некои резултати не се баш стабилни, па одлучија да ја задржат во болницата. Истиот ден Слободан умре, претпоставуваат дека причината е тромб. Додека се случуваше ова, Игор цело време беше во домашна изолација“, раскажува пријателот кој инситирал да остане анонимен.

На Игор не му дозволиле да се појави на погребот на татка си. Во меѓувреме, на Душица ѝ се влошила состојбата, па ја префрлиле во Ниш, но таму починала на 14 јули, шест дена по Слободан.

Во меѓувреме и Игор го хоспитализирале и тоа истиот ден кога останал и без мајка. Три дена бил на кислородна поддршка, релативно стабилен.

„Знам дека лекарите беа максимално посветени. Навистина се бореа за него. Сепак, заврши на респиратор и на 21 јули почина“, завршува пријателот.

Фото: Приватна архива

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Естрадни афери и ѕверски убиства: Шокантни детали за Беливук

Српското обвинителство бара доживотен затвор за Вељко Беливук и неговата криминална банда осомничени за тешки злосторства. Веља Невоља и дваесет негови блиски соработници беа уапсени во февруари годинава, а се осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ […]