fbpx

Ја славиме заштитничката на жените: Еве зошто е посебен овој ден!

Православните верници на 30 јули го одбележуваат празникот Света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените.

Според народното верување, Света Марина пали и казнува со огин и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци.

Овој празник се смета за многу почитуван, особено меѓу жените, па обичај е на тој ден да не се работат домашни работи ниту работи на поле.

Во црквениот календар 30 јули не е обележан со „црвени букви“, но жените на тој ден одбиваат да протнат и игла во конец од ставопочитување кон овој празник.

Света маченица Марина е по потекло од Антиохија, се крстила во 12 година и рано останала без мајка, а татко ѝ, кога дознал дека е христијанка ја истерал од дома.

На пат од Антиохија таа го сретнала епархот Олимврија кој тргнал да ги гони христијаните. Бидејќи го одбила понудениот брак и поради нејзината вера во Господ Исус Христос, гневниот епарх наредил да ја изложат на најлоши маки.

Огнена Марија некои православни семејства ја одбележуваат како света слава. Моштите на оваа светилица почиваат во манастирот Света Марина во Албанија, на планината Лонд над Охридското Езеро.

Следни Објави

(ФОТО) Потресно: Ќерките на Карлеуша во паника

Балканската ѕвезда и нејзините две ќерки преживеаа вистинска драма во Турција Јелена Карлеуша со ќерките Атина и Ника вчера беа итно евакуирани во Турција. По локализирањето на пожарот, познатата пејачка се врати во хотелот, па на „Инстаграм“ сподели фотографија од своите наследнички на која јасно се гледа колку трауматично било […]