fbpx

Драги родители! Оваа кобна грешка носи страшни последици!

Иако живееме во 21. век, верувањето дека машките деца треба од мали да ги воспитуваме построго и без премногу емоции и понатаму е длабоко вкоренето. Особено на Балканот.

Се верува дека синовите треба помалку да ги разгалуваме и од нив се очекува да бидат силни, да не плачат, да бидат борбени и снаодливи. Сепак, науката вели поинаку.

Едно неодамнешно истражување покажа дека во првите години од животот, баш напротив, треба да бидат третирани со повеќе нежности и од девојчињата.

Извиканиот невропсихолог Алан Шор ја претстави последната студија која докажува дека десната хемисфера на мозокот побавно се развива кај момчињата.

Што тоа значи?

Пластично објаснето, момчињата се помалку чувствителни на звук и на личностите кои ги опкружуваат, што може да ги направи попребирливи и „потешки“. Ним им е потешко да го толерираат стресот и помалку се отпорни на невропсихијатриски пореметувања, како што е на пример аутизмот кој се манифестира во раното детство.

Затоа, синовите растени со построги мајки стануваат анксиозни, а тоа понатаму е сериозен проблем за нивно социјализирање. Ова може да се спречи со цврста и нежна врска со мајката која се темели на разбирање, љубов и близок однос.

Фото: Шатерсток

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Упорноста носи успех: Се огласи Лилјана која на 52 години стана мајка

Лилјана Миткова од Кочани е 52-годишната жена која пред неколку дена се породи во болницата „Мајка Тереза“ во Скопје. Миткова и бебето се чувствуваат добро. Таа испрати силна порака дека упорноста носи успех и дека секоја жена која сака да биде мајка треба да биде упорна. На средбата со градоначаникот […]