fbpx

Упорноста носи успех: Се огласи Лилјана која на 52 години стана мајка

Лилјана Миткова од Кочани е 52-годишната жена која пред неколку дена се породи во болницата „Мајка Тереза“ во Скопје.

Миткова и бебето се чувствуваат добро. Таа испрати силна порака дека упорноста носи успех и дека секоја жена која сака да биде мајка треба да биде упорна.

На средбата со градоначаникот на Кочани, Николчо Илијев, повика секоја жена во поодминати години која сака да биде мајка само да има добра мисла и да не отстапува од зацртаната цел.

Лилјана се заблагодари на професионалниот ангажман и пред сѐ на човечкиот приод на целиот тим од болницата „Мајка Тереза“ во Скопје, пренесува официјалниот сајт на Општина Кочани.

Следни Објави

И лекарите плачеле за Игор: За 13 дена цело семејство почина од корона

За неполни две недели, и Игор Милојевиќ и неговите родители Слободан и Душица починаа од последици на Ковид-19. Лекарите плачеле откако не успеале да се изборат ниту за животот на 52-годишниот Игор, јавуваат локалните медиуми од Крушевац. Поранешниот офицер кој бил разведен, позади себе остави три сина од кои најмладиот […]