fbpx

Загина пред свадба, со песна ја претчувствува трагедијата

И по повеќе од две и пол децении од неговата смрт, се’ уште се свежи сеќавањата за пејачот со македонско потекло Ипче Ахмедовски.

Помалиот брат на легендарниот Јашар Ахмедовски загина во 1994 година во сообраќајна несреќа. Имаше само 28 години.

Со девојка му Злата наголемо ја планираа свадбата кога се случи трагедијата.

Ипче остана запаметен по неговата извонредна енергија, но и по кристално чистиот и моќен глас. За осум години, колку што траеше неговата професионална кариера, сними четири албуми, од кои три во соработка со Новица Урошевиќ со кој стекна огромна популарност ширум Југославија.

Неговиот брат Јашар во едно интервју нагласи дека Ипче ќе беше еден од најголемите пејачи на поп-сцената денес.

„Долго време не можев да ги слушам неговите песни. Неговата смрт не’ вознемири сите. Голема трагедија. Едвај се опоравив, но ќе жалам додека сум жив“, изјави Јашар.

По смртта на Ипче, фановите пишуваа дека како да ја претчувствувал несреќата. Една година пред смртта, за албумот „Циганске душе“ ја снимил песната „Кад нестанем једног дана“.

Фото: Принтскрин Јутјуб

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Родители и синови: Оваа кобна грешка носи страшни последици!

Иако живееме во 21. век, верувањето дека машките деца треба од мали да ги воспитуваме построго и без премногу емоции и понатаму е длабоко вкоренето. Особено на Балканот. Се верува дека синовите треба помалку да ги разгалуваме и од нив се очекува да бидат силни, да не плачат, да бидат […]