fbpx

Не ме дочека: Ќерката на Слободан Трајковски ќе ве расплаче


По смртта на еден од доајените на македонското телевизиско новинарство, Слободан Трајковски, се огласи неговата ќерка.

Емотивната посвета на Неда Трајковска Тодоровска која живее во Монтреал, Канада, предизвика големо внимание на социјалните мрежи.

„Тато.. На повеќето ќе им останеш во сеќавање на екранот, ама за мене и за Вања секогаш ќе останеш нашиот татичко, голем, силен, исправен. Не ме дочека барем уште еднаш да се гушнеме.. Баци ја мама, а ние ќе ве носиме во срцата за навек. Те сакам тато. Почивај во мир“, напиша таа на „Фејсбук“.

Трајковски речиси целата професионална кариера ја помина во националниот сервис. Во 1990 година беше избран за прв директор на тогаш преименуваната Македонска телевизија. Функцијата ја извршуваше до 1994 година, а како генерален директор доби уште еден мандат, од 1996 до 1999 година.

Во 2005 година беше именуван за Генерален конзул на Република Македонија и Шеф на Мисијата во Торонто, Канада. Го повлекоа во 2007 година.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Паника во Токио: Силен земјотрес, луѓето бегале од Олимпиското село

Силен земјотрес ја погоди јапонската метропола каде се во тек Летните олимписки игри. Потресот од шест степени по Рихтер го погодил брегот на префектурата Ибараки. Според очевидци, се тресело добри 30 секунди, а луѓето панично бегале од Олимпиското село. Епицентарот бил на 40 километри од јапонското крајбрежје. Тамошните медиуми информираат […]